Активности

Психолог на клубот, доц. д-р Слаџана Анѓелкоска

На 27. 12.2019 на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ женскиот кугларски клуб “Пелистер Т&С Холдинг” имаше средба со стручно лице – психолог. Доц. д-р Слаџана Анѓелкоска одржа прва работилница со нашите битолски кугларки во насока на подобрување на концентрацијата, разбивање на тремата пред настап, емоциите од лоши резултати, мотивот, вољата, конкуренцијата, противникот и други теми поврзани за нашиот спорт. Ваквите средби и работата со психолог во иднина очекуваме да дадат значаен придонес во јакнењето на капацитетите со што ќе бидеме поблиску до остварување на нашата цел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *