Прва победа на клубот против девојките од ГТЦ Мусандра

Постојат победи и победи, но веројатно оваа за нашиот клуб ќе биде најзначајна која долго ќе се памети, а тоа е првата наша победа.

Условите во македонското куглање се такви да овој натпревар веќе влегува во историјата како прв официјален натпревар на женски екипи во Македонија од независноста, како и прва битолска женска екипа воопшто. „Домаќинот“ битолската екипа на Пелистер ТС Холдинг кој мора да игра во Скопје бидејќи Битола нема лиценцирана куглана составена од почетници, кугларки на возраст од 15 години излезени од проектот „Кугламе и сме среќни 2018“ и гостинот, скопската екипа на ГТЦ Мусандра составена од три искусни кугларки кои долги години се натпреварувале на меѓународни првенства.

Овој за нашата екипа е вкупно трет официјален меч, а претходните натпревари биле со машки екипи од МКЛ. Знаејќи ја важноста на овој натпревар и фактот дека за прв пат ќе имаме релевантен противник (жени) со кои ќе можеме да се надигруваме, возбудата, тремата и напнатоста си ја одиграа својата улога.

Фактот дека возрасно сме помлади не беше проблем да се мотивира екипата и да се надигрува со поискусните ривалки на кугларските патеки.

Тамара и Емилија настапија во првиот блок. Тамара со значителна нервоза не успеа да го покаже она што знае и беше сменета после 33 кола со Михаела Ристевска, која не успеа да го зграби поенот иако имаше зицер во рака на два пати, но така се кали челикот и многу тесно загуби. Капитенот Емилија пак имаше прилично лесна задача против лошата игра на Стојановска, победи со 4:0 правејќи и значителна предност во вкупно соборени чуњеви која за вакви натпревари е пресудна.

Вториот блок Ивана и Михаела настапија за Пелистер ТС Холдинг. Двете одлично подготвени психички, рутински одиграа и ги освоија поените. Посебно радува стабилната игра на Ивана која против себе имаше повозрасна и поискусна кугларка, но Ивана се одбрани и со 3:1 ја доби одличната Драгана. Михалеа имаше полесна задача и со својата победа од 3:1, направија осетлива разлика од 3:1 и 120 чуња во предност на Пелистер ТС Холдинг.

Тренерот на гостинската екипа беше во предност бидејќи ја поставуваше неговата екипа на нашите играчи согласно новите пропозиции во МКЛ. Умно ги постави своите најискусни и изградени кугларки со бројни меѓународни настапи на крајот против нашите најдобри резултати во изминатите две кола.

Но, за нас настапија Стефанија и Андреа. И двете со игри над 480 во изминатите натпревари. Стефи против Биба, Андреа против Данче.

Стефи ги загуби сите сетови, но првите два Биба беше подобра само за неколку чунови вадејќи се на своето искуство против неискусната млада кугларка, а додека Андреа успеа да и го добие сетот на најдобрата македонска кугларка со одлична игра над 135, што резултираше со нервоза кај противничките, што после третиот сет веќе се увиде дека разликата е евозможно да се стопи од овие наши две репрезентативки.

Атмосферата во публиката, тоа беше празник за куглањето и таа нова енергија која ја носиме со нас изби и еруптираше со првата победа и првите поени во лигата.

Пријателството помеѓу двете женски екипи се продлабочува од ден на ден, но веруваме дека и кугларскиот ривалитет ќе расте уште повеќе што пак ќе рефлектира со подигнување на нивото на игра и резултати кои ќе бидат далеку подобри од веќе постигнатите.

На крајот, победата се прослави во родниот град во еден од подобрите ресторани. Заслужено девојки, повеќе од заслужено. Оваа победа треба да биде поттик за борба и со машките клубови и освојување на поени со нив. Честитки!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *