Добредојде за новите госпоѓици- кугларки родени 2005/06, кои ќе ги подмладат нашите „стари“ кугларки, генерација 2004/05. Ни недостига Тамара Талевска на фотографијата. Веруваме дека ќе можеме во догледно време да имаме и втора екипа која ќе може да се натпреварува паралелно со првата екипа на Пелистер Т&С Холдинг. Во Битола ни се случува кугларско чудо, одиме цврсто напред со уште поголема амбиција од претходната сезона која ни беше исклучително успешна.
Клубот се зголемува!
