BOWL ON – прво специјализирано кугларско списание во Европа

Posted Leave a commentPosted in Активности

Амбициозно, но за време на Корона вирусот, нашиот клуб се реши за една уникатна идеја и успеа да го издаде првиот број од сопственото списание BOWL ON, кое го издава самиот клуб. Се работи за списание кои го третира професионалното куглање во Европа и се издава на 2 странски јазици, англиски и српски.   Линк до списанието: https://pelister-tsholding.mk/?page_id=518  

Клубот се зголемува!

Posted Leave a commentPosted in Активности

Добредојде за новите госпоѓици- кугларки родени 2005/06, кои ќе ги подмладат нашите „стари“ кугларки, генерација 2004/05. Ни недостига Тамара Талевска на фотографијата. Веруваме дека ќе можеме во догледно време да имаме и втора екипа која ќе може да се натпреварува паралелно со првата екипа на Пелистер Т&С Холдинг. Во Битола ни се случува кугларско чудо, одиме цврсто напред со уште поголема амбиција од претходната сезона која ни беше исклучително успешна.

Прва победа на меѓународен натпревар во Крагуевац

Posted Leave a commentPosted in Активности

Победивме 6:2 против сениорската екипа на женскиот клуб “Пак Промет” од Крагуевац. Изигравме добро, можевме и подобро, но сме презадоволни. Личен рекорд, Михаела Петковска со 510, и Стефи 508, најдобра во нашата екипа Андреа со 528.

Меморијален турнир во Ковачица, втор меѓународен настап

Posted Leave a commentPosted in Активности

Овој голем меморијален меѓународен турнир беше многу значаен за нашите девојки. Најпрво тие за прв пат играа со конкуренти врсници но во исклучиелна конкуренција, пред се натпреварувачи од Србија кои веќе имаат медали од најголемите светски првенства. Нашите девојки одиграа одлично, Ивана Трајковска влезе во финалето. налето.

Тамара Талевска, најдобар млад спортист на Битола

Posted Leave a commentPosted in Активности

Како државен првак за 2019 година, носител на стипендија за надежни спортисти од АМС за 2019 година со право, Тамара беше наградена од Сојузот на спортови на Битола. Честитки Тамара!

Давид против Голијат

Posted Leave a commentPosted in Активности

Иако делуваше минијатурно покрај својот ривал, нашиот капитен Емилија Переска успеа да го земе единствениот поен за нашата екипа против Љ.Митиќ. Загубивме 7:1 против Вардар кој 6 години со ред е во врвот на машкото куглање. Радува фактот што имаме 4 добри резултати и формата на екупата оди во нагорна линија