Прва победа на клубот против девојките од ГТЦ Мусандра
Постојат победи и победи, но веројатно оваа за нашиот клуб ќе биде најзначајна која долго ќе се памети, а тоа е првата наша победа. Условите во македонското куглање се такви да овој натпревар веќе влегува во историјата како прв официјален натпревар на женски екипи во Македонија од независноста, како и прва битолска женска екипа воопшто. „Домаќинот“ битолската екипа на Пелистер ТС Холдинг кој мора да игра во Скопје бидејќи Битола нема лиценцирана куглана составена од почетници, кугларки на возраст од 15 години излезени од проектот „Кугламе и сме среќни 2018“ и гостинот, скопската екипа на ГТЦ Мусандра составена од три искусни кугларки кои долги години се натпреварувале на меѓународни првенства. Овој за нашата екипа е вкупно трет официјален меч, а претходните натпревари биле со машки екипи од МКЛ. Знаејќи ја важноста на овој натпревар и фактот дека за прв пат ќе имаме релевантен противник (жени) со кои ќе можеме да се надигруваме, возбудата, тремата и напнатоста си ја одиграа својата улога. Фактот дека возрасно сме помлади не беше проблем да се мотивира екипата и да се надигрува со поискусните ривалки на кугларските патеки. Тамара и Емилија настапија во првиот блок. Тамара со значителна нервоза не успеа да го покаже она […]