Пријателски натпревар помеѓу женските екипи на ГТЦ и ПЕЛИСТЕР ТС ХОЛДИНГ

Posted Leave a commentPosted in Активности

За нас, многу важен натпревар пред почетокот на официјалната МКЛ, сезона 2019/20 со женската екипа на ГТЦ. Со оглед на тоа што Пелистер ТС Холдинг е млада екипа која нема ни една година искуство со куглање, неопходноста од официјални натпревари е пресудна. За скопската екипа може да се каже дека е составена од три исклучително квалитетни кугларки, репрезентативки со децениско искуство кои настапувале на големи натпреварувања. Тренерот Перо Гијевски излезе во пресрет на нашата иницијатива и во една крајно пријателска атмосфера одигравме натпревар за запознавање со силите. Очекувано нашите кугларки беа под трема со оглед на фактот што ова е и официјално прво екипно натпреварување имајќи го и фактот дека скопската куглана е многу поразлична од условите за тренинг во Битола. Беа постигнати следните резултати: ГТЦ Мусандра Пелистер ТС Холдинг Данче Наумовска – 526 Андреа Велјановска – 484 Тања Трпковска – 495 Михаела Ристевска – 456 Билјана Гаврилова – 484 Михаела Петковска – 438 Драгана Гаврилова – 451 Тања Стојчевска – 435 Моника Петровска – 384 Емилија Переска – 424 Лакс Милена – 369 Ивана Трајчевска – 419 Зоре Ивановска – 369 Талевска Тамара – 409 ВКУПНО: 2709 Ана Марија Велјановска – 407 Алексовска Стефанија – 400 ВКУПНО: 2656 Со […]