ЈОВАНА ГРОЗДЕВСКА, ГРАДСКИ ПРВАК ЗА 2018 ГОДИНА

Posted Leave a commentPosted in Активности

Убав повод и уште поубав мотив за славје во Битола. Финалето на кадетското првенство до 14 години. гости, видни личности од политичкиот, бизнис, спортскиот, културниот живот на градот. Во однос на играта на кугларите драматично до последна кугла и во женското финале и во машкото. Се случија прилично големи изненадувања и се прикажа убава на моменти одлична игра карактеристична за зрели куглари кои со години тренираат. Секоја чест дечки, навистина сте наша гордост. Во женска конкуренција Јована Гроздевска се надмина себе си со поставување на свој рекорд и неверојатно добри 194 дрва што беше недостижно за останатите. Емилија Перевска иако искугла одлично не успеа да го достигне резултатот на Јована. Михаела Петковска пак заслужено се избори да се искачи на пиедесталот. Теодора Неделкова  искуглаа одлично но имаше пех на последната патека и не о издржа притисокот на финалето. Ружица Георгиева беше тука некаде за влакно, Наталија Чона искугла скромно, Стефанија Алексовска имаше лошо отворање што не и даде да биде полетна во текот на натпреварот а Андреа Вељановска изигра стабилно, но генерално безкрвно што ја сведе на последното место. Во машкото финале Коста Магденовски беше најмногу концентриран. Искугла добро и беше најубедителен. Васко Стојановски во првиот блок наговести дека сериозно […]

ТАМАРА ТАЛЕВСКА, ДРЖАВЕН КАДЕТСКИ ПРВАК ЗА 2019 ГОДИНА

Posted Leave a commentPosted in Постови

Нашите кугларки ги освоија медалите на кадетското првенство U 18 кое се одржа на 18 и 25 мај во Битола и Скопје. Првак на С.Македонија за 2019 во кадетска конкуренција е Тамара Талевска со освоени вкупно 894 кегли. Втора беше Стефанија Алексовска со 880 кегли додека со 848 кегли Емилија Переска успеа да стигни до бронзениот медал. Им честитаме на нашите девојки кои покажаа одлична игра согласно нивниот кугларски стаж со надеж дека овој прв официјален настап и игра на 1х120 мешано ќе им биде само почетна реперна точка и прилагодување на модерна патека на која тие немаат можност да тренираат. Дел од нашите членови исто така искуглаа солидно, Ивана Трајчевска имаше солидни 846 и за само 3 дрва не се проби до третото место, Михаела Петковска беше четврта со 836, Ружица Георгиевска беше петта со 831 и шеста Андреа Велјановска со 822. Останатите кугларки беа под цифрата 800 кегли.