ЗА НАС
КОИ СМЕ НИЕ?

Младински женски клуб составен од кугларки од Битола на возраст до 18 години. Оформен од Игор Михајловски, тренер на клубот. Амбициите се успех на меѓународна сцена и развој на куглањето во Македонија

2019
ПОЧЕТОК
30
БРОЈ НА ЧЛЕНОВИ
15,5
ПРОСЕЧНА ВОЗРАСТ
10
МЕДАЛИ
1
ДРЖАВЕН ПРВАК
16
ДОМАШНИ НАСТАПИ
3
МЕЃНАРОДНИ НАСТАПИ
3031
ЕКИПЕН РЕКОРД
Нашите активности
Преку фотографии, кликни и ќе те однесе до постот за настанот

Емилија Переска, капитен на екипата
Да се биде капитен во една млада екипа како што е нашата, е голема одговорност, но и задоволство бидејќи во многу кратко време успеавме да се спријателиме толку многу помеѓу себе што можам да кажам дека сме како едно семејство, во вистинска смисла на зборот. Токму од тука доаѓа и големата поддршка помеѓу нас и како кугларки и како другарки. Имаме одлична комуникација и доверба која многу ни помага да ги надминуваме спортските кризи во куглањето. Добиваме и нова куглана наскоро и ќе биде задоволство да ја претставуваме и Битола и Македонија насекаде во Европа.
НАЈДОБРИ 3 ПОЕДИНКИ
СЕКОГАШ НАЈДОБРИТЕ ПОЕДИНЦИ ТРЕБА ДА СЕ ИСТАКНАТ. НАШИТЕ ТРИ
ПОСАКУВАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД НАШЕТО КУГЛАРСКО СЕМЕЈСТВО?
НАЈНОВИ ПОСТОВИ
BOWL ON – прво специјализирано кугларско списание во Европа
Амбициозно, но за време на Корона вирусот, нашиот клуб се реши за една уникатна идеја и успеа да го издаде првиот број од сопственото списание BOWL ON, кое го издава самиот клуб. Се работи за списание кои го третира професионалното куглање во Европа и се издава на 2 странски јазици, англиски и српски. Линк до списанието: https://pelister-tsholding.mk/?page_id=518
8 Мартовски турнир по втор пат гости
И првата 2019 и оваа 2020 година, нашиот клуб беше гостин на скопските кугларки кои го организираат овој турнирпо повод празникот 8 Март. Оваа година ние бевме со 18 кугларки.
Тренерот, Игор Михајловски со значајно признание
Игор Михајловски, нашиот тренер се стекна со значајно признание од страна на Сојузот на спортови на Битола. Честитки! .
Клубот се зголемува!
Добредојде за новите госпоѓици- кугларки родени 2005/06, кои ќе ги подмладат нашите „стари“ кугларки, генерација 2004/05. Ни недостига Тамара Талевска на фотографијата. Веруваме дека ќе можеме во догледно време да имаме и втора екипа која ќе може да се натпреварува паралелно со првата екипа на Пелистер Т&С Холдинг. Во Битола ни се случува кугларско чудо, одиме цврсто напред со уште поголема амбиција од претходната сезона која ни беше исклучително успешна.
Сите постови
- BOWL ON – прво специјализирано кугларско списание во Европа
- 8 Мартовски турнир по втор пат гости
- Тренерот, Игор Михајловски со значајно признание
- Клубот се зголемува!
- Прва победа на меѓународен натпревар во Крагуевац
- Меморијален турнир во Ковачица, втор меѓународен настап
- Тамара Талевска, најдобар млад спортист на Битола
- Не беше довболно по втор пат да победиме
- Се слави секој значаен миг
- Давид против Голијат
- Психолог на клубот, доц. д-р Слаџана Анѓелкоска
- Посета на кугланата во Падина, Белград, Нови Сад
- Србија, Ковачица, прв меѓународен пријателски натпревар
- Прв дел од сезоната, низ бројки
- Седмо коло против Макпетрол
- Андреа Вељаноска – наградена по повод 4-ти Ноември
- Градско првенство 2019
- Прва победа на клубот против девојките од ГТЦ Мусандра
- Второ коло освоивме вкупно 3 сетови против к.к.18 Август
- Прво коло Пелистер ТС Холдинг – Вардар, освоени 5 сетови
- Објавен распоредот за МКЛ 2019/20
- Пријателски натпревар помеѓу женските екипи на ГТЦ и ПЕЛИСТЕР ТС ХОЛДИНГ
- ЈОВАНА ГРОЗДЕВСКА, ГРАДСКИ ПРВАК ЗА 2018 ГОДИНА
- ТАМАРА ТАЛЕВСКА, ДРЖАВЕН КАДЕТСКИ ПРВАК ЗА 2019 ГОДИНА