ИГОР МИХАЈЛОВСКИ

Роден 1980 година во Битола, во куглањето од 2003, најпрво како официјален судија на натпревари од МКЛ.
Основач на кугларските клубови „Молика“ (2006), Хераклеа (2013), Пелистер 1982 (2018), Пелистер – Т&С Холдинг (2019) сите од Битола.

Во сите клубови бил тренер и куглар во машките клубови. 

Успеси како тренер:

к.к. Молика – Финале на КУП-2009, второ место
к.к. Хераклеа – Финале на КУП-2014 и 2018, второ место
Катерина Јолевска (Молика), државен првак во кадети и јуниори (2006-2011) и репрезентативка во континуитет
Адријана Кочишка (Молика) државни првак во кадети и јуниори (2006-2013) и репрезентативка во континуитет
Христијан Трифуновски (Молика), бронзен на кадетско првенсто 2007, кадетски репрезентативец 2007

Меѓународни Купови 

NBC Апатин, Србија – 2009, Молика 
NBC Сплит, Хрватска – 2010, Молика
NBC Штраубинг, Германија – 2016, Хераклеа
NBC Минхен. Германија – 2017, Хераклеа
NBC Апатин, Србија – 2018, Хераклеа

Репрезентативен настап:

Тренер на кадетска репрезентација на Македонија на  Светско првенство во Германија – Детенхајм, 2009 година. Репрезентацијата во состав: Адријана Кочишка, Катерина Јолевска, Стојче Попоски и Александар Манев, водена во соработка со Секретарот на КФМ – Ристо Петров. На ова светско првенство беше постигнат најдобриот доттогаш вкупен македонски женски резултат (Адријана Кочишка) на сите времиња (591 и 587)  и во сите конкуренции вклучувајќи ја и сениорската конкуренција. Во финалето, Кочишка како седмопласирана од вкупно 16 кугларки, направи 553, и со останатите вкупно 1178 дрва, се пласира на 13-тото место од вкупно 87 кугларки.

Меѓународни пријателски натпревари

Крагуевац, 2014, Хераклеа третопласирана на турнир
Скопје 2018 Хераклеа со к.к. Цар Лазар и к.к. ГТЦ
Крушевац 2018, Хераклеа третопласирана на турнир Падина 2019 (Војводина), тромеч к.к. Долина, к.к. Зрењанин, к.к. Пелистер 1982, второ место зад Зрењанин

Членство во кугларски тела

Член на ИО на КФМ 2009 и 2010, со доставена оставка поради негрижа на КФМ за куглањето во Битла
Претседател на к.к. Молика (2006-2010)
Член на УО на к.к. Хераклеа (2014-2018)
Член на УО на к.к. Пелистер 1982 (2018-)
Потпретседател на Кугларска Федерација на Македонија (2019 – )

Авторски кугларски проекти

„Алманах на битолското куглање“, документарен филм премиерно прикажан на Битфест 2017, 19 август
„Кугламе и сме среќни 2018“, бесплатна кугларска рекреација и тренинзи за 500 ученици од 9-то одделение од сите основни училиште од Општина Битола, Општина Могила и Општина Новаци (10 септември – 30 декември 2018). http://kuglameismesrekni.blogspot.com/

Личен кугласки рекорд – 606, НБЦ Минхен 2017