НОВИ ЧЛЕНОВИ

Кугларскиот клуб „Пелистер – Т&С Холдинг“ од Битола е отворен за нови членови. Предуслов за влез во клубот ќе биде кугларската вештина која се поседува, вољата за работа и посветеноста на тренинзите, талентот, спортскиот и тимскиот дух, фер плеј филозофијата.


Тренинзите на клубот се јавни и можете да присуствувате на истите, а планирани се одредени отворени денови каде што бесплатно ќе може да куглате, подобро да се запознаете со куглањето како спорт и да се дружите со нашите членови.


Овие активности и слични на нив ќе бидат благовремено презентирани во јавноста преку електронските медиуми.


Тренерот Игор Михајловски има воља да помогне на одредени рекреативци кои имаат талент и желба да го достигнат потребното ниво за влез во клубот