Општо за клубот

Кугларскиот клуб „Пелистер Т&С Холдинг“ е специјализиран женски клуб формиран во 2019 година, единствен во градот Битола. Логиката на постоење на клубот е квалитетот кој се роди со генерација од проектот „Кугламе и сме среќни“, реализиран во периодот септевмри 2018 – декември 2018, девојки на возраст од 14 години кои се стекнаа со солидна база за да можат професионално да се занимаваат со овој спорт и да се натпреваруваат со останатите куглари во Македонија и генерално во Европа.

Во периодот од јануари 2019 – март 2019, клубот функционираше на база на волонтеризам, а веќе од април 2019 година, има јасна и прецизна структура.

Клубот ќе се натпреварува за прв пат во МАКЕДОНСКАТА КУГЛАРСКА ЛИГА (НАЦИОНАЛНА КУГЛАРСКА ЛИГА) во сезоната 2019/20