Пријателски натпревар помеѓу женските екипи на ГТЦ и ПЕЛИСТЕР ТС ХОЛДИНГ

За нас, многу важен натпревар пред почетокот на официјалната МКЛ, сезона 2019/20 со женската екипа на ГТЦ. Со оглед на тоа што Пелистер ТС Холдинг е млада екипа која нема ни една година искуство со куглање, неопходноста од официјални натпревари е пресудна.

За скопската екипа може да се каже дека е составена од три исклучително квалитетни кугларки, репрезентативки со децениско искуство кои настапувале на големи натпреварувања.

Тренерот Перо Гијевски излезе во пресрет на нашата иницијатива и во една крајно пријателска атмосфера одигравме натпревар за запознавање со силите.

Очекувано нашите кугларки беа под трема со оглед на фактот што ова е и официјално прво екипно натпреварување имајќи го и фактот дека скопската куглана е многу поразлична од условите за тренинг во Битола.

Беа постигнати следните резултати:

ГТЦ МусандраПелистер ТС Холдинг
Данче Наумовска – 526 Андреа Велјановска – 484
Тања Трпковска – 495Михаела Ристевска – 456
Билјана Гаврилова – 484Михаела Петковска – 438
Драгана Гаврилова – 451Тања Стојчевска – 435
Моника Петровска – 384Емилија Переска – 424
Лакс Милена – 369Ивана Трајчевска – 419
Зоре Ивановска – 369Талевска Тамара – 409
ВКУПНО: 2709Ана Марија Велјановска – 407
Алексовска Стефанија – 400
ВКУПНО: 2656

Со вкупна разлика од 53 дрва, од најдобрите 6 резултати, скопската екипа беше подобра од нас на овој пријателски натпревар.

Тренерот на Пелистер ТС Холдинг – Игор Михајловски веднаш по натпреварот ја даде слаедната изјава:„Во пеколно жешката куглана, битолските девојки успеаа да покажат само дел од она што го работиме на домашната куглана изминативе месеци. Секако дека немањето на искуство на модерна подлога влијае на постигнатите резултати, сеуште имаме технички слабости на кои мора многу повеќе да работиме овој период, но генерално сум задоволен од мотивот на девојките, од целокупната енергија на екипата, пробавме да парирараме и на нашите репрезентитвки, но во овој момент сеуште не сме подготвени за тоа. Верувам дека формата ќе успеам да ја подигнам кај сите кугларки и веќе во Лигата очекувам екипен резултат помеѓу 2800 – 2900 кегли, што за екипа која прв пат ќе настапува во систем на натпреварување секако дека ќе биде голем предизвик, но токму тоа ќе не води напред. На крајот, просекот на нашата екипа е 15 години, има време оваа екипа да зрее и со ова темпо кое го наметнавме очекувам светла иднина, секако со тренинзи на модерна домашна куглана која се очеува во 2020 година од надлежните институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *