ЈОВАНА ГРОЗДЕВСКА, ГРАДСКИ ПРВАК ЗА 2018 ГОДИНА


Убав повод и уште поубав мотив за славје во Битола. Финалето на кадетското првенство до 14 години. гости, видни личности од политичкиот, бизнис, спортскиот, културниот живот на градот. Во однос на играта на кугларите драматично до последна кугла и во женското финале и во машкото. Се случија прилично големи изненадувања и се прикажа убава на моменти одлична игра карактеристична за зрели куглари кои со години тренираат. Секоја чест дечки, навистина сте наша гордост.

Во женска конкуренција Јована Гроздевска се надмина себе си со поставување на свој рекорд и неверојатно добри 194 дрва што беше недостижно за останатите. Емилија Перевска иако искугла одлично не успеа да го достигне резултатот на Јована. Михаела Петковска пак заслужено се избори да се искачи на пиедесталот. Теодора Неделкова  искуглаа одлично но имаше пех на последната патека и не о издржа притисокот на финалето. Ружица Георгиева беше тука некаде за влакно, Наталија Чона искугла скромно, Стефанија Алексовска имаше лошо отворање што не и даде да биде полетна во текот на натпреварот а Андреа Вељановска изигра стабилно, но генерално безкрвно што ја сведе на последното место.

Во машкото финале Коста Магденовски беше најмногу концентриран. Искугла добро и беше најубедителен. Васко Стојановски во првиот блок наговести дека сериозно е решен да биде во врвот и чекајќи ги другите резултати на крајот се радуваше со среброто. Павел Гагачев беше трет со солидна игра. Стефан Туловиќ иако беше со два резултати над 200 во првиот и вториот кфалификациски ден, во финалето не успеа да го повтори тој резултат и заврши на 4-тото место Архан Арслани беше одличен, но имаше пех на една од патеките каде што изваде слаб резултат, Даниел Радески беше стандарден, а Давор Стојковски и Стефан Николовски без ниту една 50-ка не можеа да бидат на повисоките места.

 Градоначлничката Наташа Петровска како голем пријател на куглањето уште еднаш цврсто не потсети дека куглањето е урбан спорт кој му треба на Битола и дека ќе се направи се она што е неопходно Битола да ја добие долгоочекуваната стандардизирана куглана.

Директорот на АД Витамоника, Нико Берберу беше воодушевен од амбиентот и натпреварувачкиот дух како на кугларските патеки така и на трибините и даде поддшка за овој ентузијастички потег кој го превзеде „Нови Перцепции“. Тој додели утешни награди за сите учесници кои не се стекнаа со медаља.

Директорката на Стопанска банка АД Битола, Гордана Балтовска го искажа своето задоволство како се одвива проектот иако е во самата средина и останува уште толку време до крајот и потенцира дека е горда што токму ова го имаме во нашиот роден град, во Битола. Директорката додели утешни награди за поттик на оние кои не се стекнаа со медања.

Радојка Димитриеска, претставник од SN Кредити ги додели наградите во машка конкуренција, а воедно и додели утешни награди како во машка, така и во женска категорија.

„Кугламе и сме среќни“ е филозофија која се наметна кај младите, и истата е прифатена. Само многу љубов кон овој спорт и многу вредна работа, можеше за толку краток период да се постигнат овие резултати иако проектот е на половина и остануваат уште два месеци.

Останатите фотографии од денешниот настан

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *