Второ коло освоивме вкупно 3 сетови против к.к.18 Август

Т.СТОЈЧЕВСКА (60)200
А.ВЕЉАНОСКА485
Е.ПЕРЕСКА438
И. ТРАЈЧЕВСКА (60)210
Т.ТАЛЕВСКА451
А.М.ВЕЉАНОВСКА399
Д.ЃУРОВСКА (60)210
М.РИСТЕВСКА (60)196

Во фаза кога нема што да се бара против машките клубови кои генерално се над 3000 кегли, тренерот Михајловски одлучи да го разигрува составот и да ја увиде реалната сила на кугларките пред мечот на колото со единствениот ривал жкк ГТЦ – Скопје како единствена женска екипа.

На овој меч се истакна одличната Андреа Вељаноска која по трет пат докажува дека е подготвена да премине 500. Овој меч не беше тој, недостигаше спортската среќа.

Останатите кугларки искуглаа коректно, Тамара Талевска како државен кадетски првак немаше добар ден и не успеа да се приближи до 500-тката како императив за првата сезона.

Преблиску до освојување на поен беше капитенот Емилија Переска која започна против Кристијан Костов, поранешен играч на Макпетрол кој го доби со убедливи 2:0. Кристијан беше заменет од Кипро Зозински кој искусно успеа да ја стопи стекнатата разлика од страна на Емилија, да ги добие двата сета кои останаа и не дозволи изненадување.

На овој меч имавме и една мала повреда на Ана Марија Вељановска која мораше да го прекини својот настап (100 кугла) со оглед на тоа што ги имавме потрошено веќе правото на замена … за среќа повредата беше од лесен карактер и Ана ќе може да го продолжи натпреварувањето во Лигата.

Со овој настап веќе се знае составот за третото коло каде што ќе се сретнеме со женската екипа на ГТЦ од Скопје. Иако се работи за екипа која во своите редови има 3 (три) искусни кугларки, репрезентативки кои со години ги бранеле боите на Македонија, во нашиот состав и стручниот штаб преовладува оптимизмот дека може да се случи до изненадување и до прва победа оваа сезона.

Прво коло Пелистер ТС Холдинг – Вардар, освоени 5 сетови

No photo description available.

Прво коло, прв официјален натпревар во својство на домаќин во кугланата Мусандра во Скопје против трофејниот Вардар, машки кугларски клуб кој секоја година се бори на меѓународна сцена, секогаш во самиот врв во МКЛ, двапати освојувач на Купот.

Збунува фактот зошто женски клуб против машки, но во овие услови во Македонија каде што имаме само два женски клуба, за да се одржува играчката форма на девојките, Федерацијата одлучи да играат во заедничка лига додека нема услови женската лига да се одвои од машката.

Тренерот Игор Михајловски одлучи овие први натпревари да ги ротира сите 10 играчи со цел да стекнат натпреварувачко искуство и да се одделат подобрите во формата од оние кои се помалку добри.

Беа постигнати следните резултати

КугларкаПатекиРезултатОсвоени сетови
Ивана Трајчевска22320
Андреа Велјановска22591
Михаела Ристевска44532
Михаела Петковска44991
Данче Ѓуровска22170
Тања Стојчевска21890
Емилија Переска (к)44641
Стефи Алексовска44810
Вкупно27845

Први започнаа Ивана и Михаела Р. Изненадувачки, Миха го доби првиот сет, па после и вториот и противникот беше приморан да прави замена и да стави еден од најдобрите свои играчи за да го врати веќе изгубениот поен. Миха не успеа да парира на искусниот Бранко Митиќ, кој успеа да ги добие преостанатите 2 поени и да добие поен поради вкупно повеќе соборени дрва.

Ивана искугла коректно во чистење(68), но немаше доволно концентрација во полни. Беше заменета од Андреа која го имаше до тој момент рекордот на клубот од 484. Од два сета изваде одлични 259 кегли наговестувајќи дека е спремна да ја премине границата од 500.

Михаела П. го имаше најдобриот резултат денес, одлични 499 со убава и зрела игра иако на чистење (161) стигна до 10 промашени удари.

Данче имаше прв слаб сет, но во вториот ја крена публиката со неверојатно добри удари и со 52 на чистење (130) покажа колку може да биде опасна. Беше заменета од Тања која не успеа да ја наметне својата игра и заедно со Данче завршија на 406 дрва.

Капитенот Емилија започна лошо, па имаше феноменален втор сет и одлични 137 (45), немаше доволно спортска среќа, направи и огромен број на промашени удари (17) и заврши со 464 дрва.

Стефи имаше највеќе во полни (342), изигра коректно и со 13 промашени удари достигна до цифра од 481.

Доколку екипата во првата година успее да го преполови вкупниот број на промашени удари (82), веќе ќе може да се доближи и до првичната цел 2900-3000 чуњеви.

Освоените 5 сетови против машка искусна екипа составена од квалитетни куглари, без натрпеварувачко искуство, за женскиот кугларски клуб „Пелистер ТС Холдинг“ е навистина голем успех.

Секако дека останува уште многу работа околу отстранување на грешките и усовршува на техниката на младите кугларки кои едвај имаат едногодишно искуство со куглање, но потенцијалот на оваа екипа ветува за многу брзо да биди освоен и првиот поен, а зошто да не и првата победа.

Во однос на енергијата, другарството и колегијалниот дух на екипата, само оние кои беа присутни на денешниот натпревар можеа да се уверат за каква сплотена екипа се работи.

Второ коло е наредната сабота против екипата на 18 Август.

Објавен распоредот за МКЛ 2019/20

Распоред во МКЛ 2019/20 за Пелистер ТС Холдинг
Коло Домаќин Гостин Дата Место

1

Пелистер ТС Холдинг Вардар 2014 14.09.2019 Скопје
2 18 Август 2016 Пелистер ТС Холдинг 21.09.2019 Скопје
3 Пелистер ТС Холдинг ЖКК ГТЦ Мусандра 28.09.2019 Скопје
4 Пелистер ТС Холдинг ГТЦ Мусандра 12.10.2019 Скопје
5 Имеријал Тобако ТКС Пелистер ТС Холдинг 19.10.2019 Скопје
6 Пелистер ТС Холдинг Пелистер 1982 26.10.2019 Скопје
7 Макпетрол Пелистер ТС Холдинг 09.11.2019 Скопје
8 Вардар 2014 Пелистер ТС Холдинг 25.01.2020 Скопје
9 Пелистер ТС Холдинг 18 Август 2016 01.02.2020 Скопје
10 ЖКК ГТЦ Мусандра Пелистер ТС Холдинг 08.02.2020 Скопје
11 ГТЦ Мусандра Пелистер ТС Холдинг 15.02.2020 Скопје
12 Пелистер ТС Холдинг Имеријал Тобако ТКС 22.02.2020 Скопје
13 Пелистер 1982 Пелистер ТС Холдинг 29.02.2020 Скопје
14 Пелистер ТС Холдинг Макпетрол 14.03.2020 Скопје

Пријателски натпревар помеѓу женските екипи на ГТЦ и ПЕЛИСТЕР ТС ХОЛДИНГ

За нас, многу важен натпревар пред почетокот на официјалната МКЛ, сезона 2019/20 со женската екипа на ГТЦ. Со оглед на тоа што Пелистер ТС Холдинг е млада екипа која нема ни една година искуство со куглање, неопходноста од официјални натпревари е пресудна.

За скопската екипа може да се каже дека е составена од три исклучително квалитетни кугларки, репрезентативки со децениско искуство кои настапувале на големи натпреварувања.

Тренерот Перо Гијевски излезе во пресрет на нашата иницијатива и во една крајно пријателска атмосфера одигравме натпревар за запознавање со силите.

Очекувано нашите кугларки беа под трема со оглед на фактот што ова е и официјално прво екипно натпреварување имајќи го и фактот дека скопската куглана е многу поразлична од условите за тренинг во Битола.

Беа постигнати следните резултати:

ГТЦ МусандраПелистер ТС Холдинг
Данче Наумовска – 526 Андреа Велјановска – 484
Тања Трпковска – 495Михаела Ристевска – 456
Билјана Гаврилова – 484Михаела Петковска – 438
Драгана Гаврилова – 451Тања Стојчевска – 435
Моника Петровска – 384Емилија Переска – 424
Лакс Милена – 369Ивана Трајчевска – 419
Зоре Ивановска – 369Талевска Тамара – 409
ВКУПНО: 2709Ана Марија Велјановска – 407
Алексовска Стефанија – 400
ВКУПНО: 2656

Со вкупна разлика од 53 дрва, од најдобрите 6 резултати, скопската екипа беше подобра од нас на овој пријателски натпревар.

Тренерот на Пелистер ТС Холдинг – Игор Михајловски веднаш по натпреварот ја даде слаедната изјава:„Во пеколно жешката куглана, битолските девојки успеаа да покажат само дел од она што го работиме на домашната куглана изминативе месеци. Секако дека немањето на искуство на модерна подлога влијае на постигнатите резултати, сеуште имаме технички слабости на кои мора многу повеќе да работиме овој период, но генерално сум задоволен од мотивот на девојките, од целокупната енергија на екипата, пробавме да парирараме и на нашите репрезентитвки, но во овој момент сеуште не сме подготвени за тоа. Верувам дека формата ќе успеам да ја подигнам кај сите кугларки и веќе во Лигата очекувам екипен резултат помеѓу 2800 – 2900 кегли, што за екипа која прв пат ќе настапува во систем на натпреварување секако дека ќе биде голем предизвик, но токму тоа ќе не води напред. На крајот, просекот на нашата екипа е 15 години, има време оваа екипа да зрее и со ова темпо кое го наметнавме очекувам светла иднина, секако со тренинзи на модерна домашна куглана која се очеува во 2020 година од надлежните институции.

ЈОВАНА ГРОЗДЕВСКА, ГРАДСКИ ПРВАК ЗА 2018 ГОДИНА


Убав повод и уште поубав мотив за славје во Битола. Финалето на кадетското првенство до 14 години. гости, видни личности од политичкиот, бизнис, спортскиот, културниот живот на градот. Во однос на играта на кугларите драматично до последна кугла и во женското финале и во машкото. Се случија прилично големи изненадувања и се прикажа убава на моменти одлична игра карактеристична за зрели куглари кои со години тренираат. Секоја чест дечки, навистина сте наша гордост.

Во женска конкуренција Јована Гроздевска се надмина себе си со поставување на свој рекорд и неверојатно добри 194 дрва што беше недостижно за останатите. Емилија Перевска иако искугла одлично не успеа да го достигне резултатот на Јована. Михаела Петковска пак заслужено се избори да се искачи на пиедесталот. Теодора Неделкова  искуглаа одлично но имаше пех на последната патека и не о издржа притисокот на финалето. Ружица Георгиева беше тука некаде за влакно, Наталија Чона искугла скромно, Стефанија Алексовска имаше лошо отворање што не и даде да биде полетна во текот на натпреварот а Андреа Вељановска изигра стабилно, но генерално безкрвно што ја сведе на последното место.

Во машкото финале Коста Магденовски беше најмногу концентриран. Искугла добро и беше најубедителен. Васко Стојановски во првиот блок наговести дека сериозно е решен да биде во врвот и чекајќи ги другите резултати на крајот се радуваше со среброто. Павел Гагачев беше трет со солидна игра. Стефан Туловиќ иако беше со два резултати над 200 во првиот и вториот кфалификациски ден, во финалето не успеа да го повтори тој резултат и заврши на 4-тото место Архан Арслани беше одличен, но имаше пех на една од патеките каде што изваде слаб резултат, Даниел Радески беше стандарден, а Давор Стојковски и Стефан Николовски без ниту една 50-ка не можеа да бидат на повисоките места.

 Градоначлничката Наташа Петровска како голем пријател на куглањето уште еднаш цврсто не потсети дека куглањето е урбан спорт кој му треба на Битола и дека ќе се направи се она што е неопходно Битола да ја добие долгоочекуваната стандардизирана куглана.

Директорот на АД Витамоника, Нико Берберу беше воодушевен од амбиентот и натпреварувачкиот дух како на кугларските патеки така и на трибините и даде поддшка за овој ентузијастички потег кој го превзеде „Нови Перцепции“. Тој додели утешни награди за сите учесници кои не се стекнаа со медаља.

Директорката на Стопанска банка АД Битола, Гордана Балтовска го искажа своето задоволство како се одвива проектот иако е во самата средина и останува уште толку време до крајот и потенцира дека е горда што токму ова го имаме во нашиот роден град, во Битола. Директорката додели утешни награди за поттик на оние кои не се стекнаа со медања.

Радојка Димитриеска, претставник од SN Кредити ги додели наградите во машка конкуренција, а воедно и додели утешни награди како во машка, така и во женска категорија.

„Кугламе и сме среќни“ е филозофија која се наметна кај младите, и истата е прифатена. Само многу љубов кон овој спорт и многу вредна работа, можеше за толку краток период да се постигнат овие резултати иако проектот е на половина и остануваат уште два месеци.

Останатите фотографии од денешниот настан

ТАМАРА ТАЛЕВСКА, ДРЖАВЕН КАДЕТСКИ ПРВАК ЗА 2019 ГОДИНА

Нашите кугларки ги освоија медалите на кадетското првенство U 18 кое се одржа на 18 и 25 мај во Битола и Скопје.

Првак на С.Македонија за 2019 во кадетска конкуренција е Тамара Талевска со освоени вкупно 894 кегли.

Втора беше Стефанија Алексовска со 880 кегли додека со 848 кегли Емилија Переска успеа да стигни до бронзениот медал.

Им честитаме на нашите девојки кои покажаа одлична игра согласно нивниот кугларски стаж со надеж дека овој прв официјален настап и игра на 1х120 мешано ќе им биде само почетна реперна точка и прилагодување на модерна патека на која тие немаат можност да тренираат.

Дел од нашите членови исто така искуглаа солидно, Ивана Трајчевска имаше солидни 846 и за само 3 дрва не се проби до третото место, Михаела Петковска беше четврта со 836, Ружица Георгиевска беше петта со 831 и шеста Андреа Велјановска со 822. Останатите кугларки беа под цифрата 800 кегли.